Студиите на наследничката на белгискиот престол на „Харвард“ се доведени во прашање поради Трамп

414

Кралската палата на Белгија соопшти днеекса дека принцезата Елзиабета која е прв во редот за престолонаследник, чека да дознае дали може да се врати на втора година од студиите на американскиот универзитет „Харварс“ поради тоа што американскиот претседател Доналд Трамп објави забрана за упс на странци на универзитетот.

Администрацијта на Трамп во четвртокот ја укина можноста универзитетот Хардвад да врши упис на странски студенти, изјавувајќи дека илјадници студенти ќе мораат да се префрлат на други факултети или да си заминат од САД.

Шефот за комуникации на Кралската палата на Белгија Гсавие Берт изјави дека принцезата Елизабета (23) ја заврши првата година од постдипломските студии на „Харвард“ и дека летото ќе го помине во Белгија., а „ќе мораме да видиме што ќе се случи идната година“.

Принцизата е првото од четирите деца на кралот Филип и кралицата Матилда и студираше мастер по јавна политика. Минатата година се стекна со диплома од историја и политика на колеџот Линколн во Оксфорд, во Велика Британија.

„Харвард“ кој е во Кекмриџ, Масачусетс, има 6.800 странски студенти што е повеќе од четвртината од неговите студенти. Повеќето се постдипломци од повеќе од 100 земји.

Тој универзитет денеска поднесе тужба до сојузниот суд во Бостон, наведувајќи дека администрацијата на Трамп го крши Првиот амандман од Уставот на САД и дека тоа ќе има „непосредни и разорни последници за „Харвард“ и на повеќе од 7.000 иматели на американски студентски визи“.

ИЗДВОЕНИ