Рут Талија Сајас Санчез беше 19-годишна студентка од сиромашно семејство која учествуваше во првата епизода од перуанската верзија на шоуто „Момент на вистината“ во 2012 година. Иако на повеќето луѓе им изгледаше како просечна студентка со неинтересен живот, се покажа дека криела ужасна тајна што на крајот доведе до нејзино убиство на монструозен начин!
Во првата епизода од ова шоу се појави насмеаната, симпатична Рут, а во публиката беа нејзиниот татко, мајка и нејзиното тогашно момче Брајан.
На почетокот, сè започна со лесни прашања како: „Дали некогаш си избегала од училиште без да знае твојата мајка?“ Рут срамежливо одговори потврдно, а нејзината мајка се насмевна и ја погледна како да сакаше да каже: „Ќе разговараме за ова дома“. Сепак, публиката во студиото слатко се насмеа и почна да аплаудира.
Следеше прашањето дали е задоволна од својот физички изглед, а таа рече дека не е. Ова предизвика и симпатии кај публиката бидејќи многумина ја сметаа Рут за убава девојка.
Сепак, потоа започнаа некои не толку симпатични прашања карактеристични за квизот „Момент на вистината“. Водителеот праша дали некогаш се срамела од своите родители, на што таа одговори потврдно, а исто така „излезе“ и површна кога одговори потврдно на прашањето дали верува дека убавината може да ѝ донесе многу повеќе во животот отколку да биде добра личност.
Сепак, сè тргна надолу кога се појави прашањето дали навистина работи во кол-центар, на што таа одговори дека не, а нејзините родители беа во целосен шок и неверица! Имено, Рут им кажала на сите дека студира и работи во кол-центар за да ги плати студиите бидејќи нејзините родители немале пари за факултет. Рут беше првата личност во нивното семејство што воопшто се запишала на студии.
Потоа, преку прашања во емисијата, беше откриено дека девојката всушност работи во ноќен клуб како егзотична танчерка, а нејзините родители беа многу погодени од ова откритие. Ниту нејзиното момче не знаеше за ова, а Рут се извинуваше дека ѝ требаат парите за факултет и дека не се соблекува во тие клубови и не прави ништо несоодветно.
Водителот постави многу непријатно прашање: „Дали си со твоето сегашно момче само додека не најдеш подобар партнер?“ Рут одговори потврдно. Потоа објасни дека е во убава врска со него, но дека не мисли дека ќе се омажи за него. Сепак, таа мисли дека е многу згоден млад човек со добро срце, но дека нема амбиција или перспектива во животот. Во тој момент, водителката долеа масло на огнот прашувајќи го Брајан со што се занимава, а момчето одговори дека е таксист, по што образите му поцрвенеа.
Многумина го протолкуваа ова како материјалистка и плитка Рут затоа што Брајан, и покрај тоа што е добар човек, не може да се омажи за жена како неа ако не заработува доволно.
Како сето тоа да не е доволно и како овие прашања веќе да не го уништиле животот на Рут, последното прашање беше: „Дали некогаш добила пари во замена за интимни односи?“ Рут одговори со гадење дека добила.
Нејзината мајка се здрви од болка, покривајќи го лицето со рацете.
Рут објасни дека добила таква понуда додека работела во ноќен клуб и дека го направила тоа двапати бидејќи на нејзиното семејство ѝ биле потребни парите.
По ова прашање, Рут се откажала од понатамошно одговарање и си заминала дома со загарантираната сума од 5.700 долари. Оваа бројка била еквивалентна на 13 просечни месечни плати во Перу.
После тоа, Рут истрчала кај мајка си, паднала на колена и ја прегрнала, извинувајќи се постојано.
Еден месец по емитувањето на емисијата, Рут исчезнала. Нејзината мајка со солзи ја молела полицијата да ја пронајде нејзината ќерка, а потоа сите телевизиски станици да ја емитуваат нејзината слика во случај некој да ја препознае. Сите телевизиски станици објавија дека проститутката од „Момент на вистината“ исчезнала. На крајот се дозна дека е убиена од страна на нејзниото момче, а најдена е два месеца по смртта, во бунарот на неговиот чичко. Момчето Брајан го негираше сето тоа на суд, но и покрај тоа доби 35 години затворска казна.