Студентите во болкада одржуваат голем протест во Нови Сад: Итно се бара распишување на избори

230
Фото:принтскрин, видео Х

Студентите во блокада од Нови Сад, го организираат протестот „Србија, можеме ли да се слушнеме?, почнувајќи од 19:00 часот, а како што објави „Фонет“, силни полициски сили пристигнале на кампусот на Универзитетот во Нови Сад.

Вечерва стоиме тука и го браниме она што е најскапоцено, а тоа е слободата на говорот и автономијата на универзитетот, на место каде што треба да цвета мислата и критичкиот дух, поставен е жандармериски кордон, беше објавено на почетокот на студентскиот митинг во Нови Сад, пренесува „Бета“.

Студентскиот протест насловен „Србија, можеме ли да се слушнеме?“ започна точно во 19 часот со блокада на раскрсницата на Булевар Цара Лазара и улицата Стражиловска.

Неколку илјади граѓани се собраа на оваа раскрсница, каде што на 1 септември, припадници на жандармеријата и полицијата брутално ги нападнаа граѓаните кои се враќаа од комеморативна прошетка по повод 10 месеци од уривањето на настрешницата на Железничката станица, кога загинаа 16 лица.

Студентскиот протест официјално започна со 16-минутно молчење, со кое им се оддаде почит на жртвите.

Потоа беше испеана студентската химна „Gaudeamus igitur“.

Меѓу многуте транспаренти, има и голем транспарент со пораката „Студентите имаат итно барање, распишете избори!“.

Малку порано, деканатот на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Нови Сад објави дека зградата на тој факултет „од денес е технички и санитарно-хигиенски подготвена за одржување испити и други активности за кои Факултетот е акредитиран“ и дека очекуваат „полицијата да ја напушти зградата на факултетот за време на викендот“.

Протести во поддршка на студентите од Нови Сад во блокадата и во други градови во Србија.

ИЗДВОЕНИ