Српските студенти во блокада утре, на празникот Видовден, ќе организираат голем протест на „Славија“, во Белград, со почеток во 18:00 часот.
Како што јавува Нова.рс, голем број граѓани од цела Србија се упатиле кон Белград уште денеска, но се појавиле проблеми со превозот. Студентите во блокада од Ниш објавија дека го раскинале договорот со „еден камионски превозник“ што требало да ги превезе на протестот на Видовден во Белград откако добил „закани од лица блиски до властите“. Исто така, возовите од Нови Сад до Белград нема да сообраќаат. Железничкиот сообраќај беше сопрен уште денеска, со образложение дека има јавување за поставена бомба, а на веб-страницата на железницата стои дека и утренема да има возови.
Во пресрет на најавениот митинг на Водоводен, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека обоената револуција, како што ги нарекува протестите на студентите, е готова приказна, а директорот на полицијата, Драган Васиљевиќ, рече дека е подготвена полицијата и дека нема да дозволи нарушување на јавниот ред и мир. Тој додаде дека полицијата е целосно опремена за да се справи со секоја задача.