Студентите во блокадата ја поддржаа и на социјалните мрежи Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, еден од загинатите при уривањето на настрешница во Нови Сад, која штрајкува со глад покрај српскиот Парламент, и веднаш до „Ќациленд“ од каде што веќе два дена се пушта гласна музика.
„Дијана стоеше покрај сите нас со месеци, упорна и непоколеблива, и затоа денес сакаме да застанеме покрај неа, исто како што беше покрај сите нас. Наша одговорност е да се грижиме за секој од нашите соборци, за секој од нас што ја носи оваа борба во себе“, напишаа студентите во блокада на социјалните мрежи.
Дијана, уз Вас смо! ❤️ pic.twitter.com/WxQbVD0etu
— Studenti_U_Blokadi (@studentblokade) November 3, 2025
Во исто време, велат тие, сакаат да потсетат и на апелите на Дијана до сите да останат смирени и достоинствени.
„Ги повикуваме сите да пружат поддршка, разбирање и топлина. Заедно, сакаме да испратиме порака што е најважна сега: овој режим постојано ни покажуваше дека е подготвен да игнорира секоја човечка жртва, затоа денес мора да се заштитиме едни со други, особено најхрабрите меѓу нас“, рекоа студентите.
Тие порачаа: „Дијана, ние сме со тебе и со народот, сега и секогаш“.












