Студентите ќе добијат по 250 евра за набавка на електронски уреди од септември

61

Најавените ваучери за електронски уреди за студентите во висина од 250 евра ќе бидат доделени во септември, пред почетокот на новата студиска година. Ова денеска во одговор на новинарско прашање го соопшти премиерот Христијан Мицкоски.  Критериум да се добие ваучерот, е студентот да има заверен семестар.

-Парите за распределба на по 250 евра за електронски уреди се предвидени во буџетот. Процедурата во рамките на Владата, односно Генералниот секретаријат е отпочната. Се дефинираат критериумите и нормално е дека чекаме да отпочне новата студентска година затоа што еден од критериумите е да студентите имаат заверен семестар. И ги чекаме овие бруцоши коишто сега ќе се запишат за да го заверат семестарот и да може да ги добијат тие 250 евра помош од државата за купување на електронски уреди. Така што веќе во септември месец, јас сум сигурен дека тоа ќе се случи – објасни Мицкоски.

Тој додаде дека последната бројка е на приватните и државните универзитети е некаде околу 55 илјади студенти.

Студентите со ваучерите се очекува да можат да купат телефони, компјутер или таблет. (Б.Ѓ.)

 

ИЗДВОЕНИ