Од Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ги потсетуваат студентите корисници годишен билет за бесплатен јавен превоз да го продолжат/заверат билетот за 2026 година.
Продолжувањето/заверувањето на билетот почна од вчера и се врши во кој било центар за персонализација на ЈСП, со лично присуство на студентот кој треба да достави потврда за редовен студент издадена од акредитирана високообразовна установа, оригинал индекс со запишан зимски семестар и лична карта на увид.
– На студентите/бруцоши од студентската 2025/2026 година, билетот автоматски им важи и за наредната календарска година – објаснуваат од ЈСП.












