Група студенти синоќа останале заглавени на железничката станица во Велес, откако патничкиот воз од Скопје кон Битола, кој тргнал во 20:05 часот, застанал во Велес во 21:50 часот и не продолжил понатаму.
Патниците биле оставени во неизвесност, бидејќи возот чекал композиција од спротивен правец, при што патниците требало да се префрлат од еден воз во друг.
Според патници од возот, немало навремена информација, ниту објаснување за причината на доцнењето.