Студенти и граѓани го блокираа судот во Нови Сад, полицијата употреби солзавец

218

Граѓани, студенти и опозициски политичари се собраа утрово пред судот во Нови Сад во знак на протест против продолжениот притвор на активистите од Движењето на слободни граѓани и организацијата СТАВ, а полицијата во еден момент употреби и солзавец.

Собраните рекоа дека ќе останат пред судот сè додека сите не бидат ослободени од притвор. Полицијата ги испрати вработените од судницата, а граѓаните ги следеа со свирежи и навреди. Блокадата започна пред 7 часа, а стотици граѓани се јавија на повикот.

Некои од вработените во судот успеаја да влезат во зградата пред да започне блокадата, но поголемиот дел од нив останаа надвор од своето работно место, јавува РСЕ. Метална ограда со синџири и катанци беше поставена пред скалите на главниот влез во судот.

Зад оградата, на главниот и страничните влезови, како и во внатрешноста на судницата, има полициски сили во опрема за спречување на нереди.

Граѓаните ги блокираа и страничните влезови на судот, каде што вработените се обидуваа да влезат. Граѓаните им велат: „Луѓе, земете боледување, нашата земја е болна“.

Студентите од Ниш ја поминаа ноќта пред зградата на Основниот суд, откако ја блокираа синоќа. За време на протестот, студентите ја пееја националната химна со кренати раце. Потоа тие преминаа пред зградата на Полициската управа, а жандармеријата формираше кордон околу судницата.

ИЗДВОЕНИ