среда, февруари 11, 2026
Дома СВЕТ Студент на факултет во Русија отворил оган: Го убил обезбедувачот и ранил...

Студент на факултет во Русија отворил оган: Го убил обезбедувачот и ранил тројца

25
EPA/YURI KOCHETKOV

Едно лице е убиено, а тројца се ранети во пукотница во технички колеџ во рускиот град Анапа во регионот Краснодар, соопштија властите.

Гувернерот на регионот Краснодар, Венјамин Кондратиев, изјави на Телеграм дека обезбедувачот бил убиен додека се обидувал да го запре напаѓачот.

„Засега имаме една жртва, обезбедувач кој прв го примил ударот. Тој брзо реагирал и ја повикал полицијата. Го спречил напаѓачот да навлезе понатаму во техничкиот колеџ“, рече Кондратјев.

Студентот отворил оган
Регионалната канцеларија на руското Министерство за внатрешни работи за територијата Краснодар објави дека студент отворил оган во холот на образовна институција, при што повредил три лица.

Напаѓачот е уапсен од полицијата, се додава во соопштението за медиумите.

Околностите на нападот сè уште не се познати, а истрагата е во тек.

ИЗДВОЕНИ