Нестабилен студен воздух од Атлантикот полека продира над Средоземното Море, ја преминува алпската бариера, носејќи пад на температурата, обилни грмотевици и налети на ветер.
Топлата воздушна маса над Балканскиот Полуостров полека се движи кон исток, а точката на контакт помеѓу студениот и топлиот воздух во форма на изразен студен фронт полека се движи низ северна Италија, Австрија и Словенија над северниот Јадран и северозападните делови на Хрватска.
Движењето на студен, нестабилен воздух кон исток ќе се забрза вечерва, а се очекува студениот фронт да помине во текот на викендот.
Фронтот ќе се движи брзо низ нашиот регион кон исток, со пад на температурите на воздухот од 10 до 15 степени, бурен ветер, грмотевици и врнежи од дожд.
Во сабота ќе се задржи многу топло време со температура која наместа ќе достигне и 43°C.
Од недела и во деновите потоа температурата ќе биде во опаѓање и ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер.