Новата седмица ни носи многу поладно време со невообичаено ниски температури на воздухот за самиот крај на септември и за почетокот на месец октомври. Температурите ќе бидат дури за 10 степени потпросечни.
Токму ова е поради влијанието на многу поладен воздух кој ќе се спушти од исток и од североисток односно од Русија кон нашиот дел од eвропскиот континент. Исто така новата седмица ни носи нови обилни врнежи од дожд и големо количество на воден талог, особено во вотрата половина од седмицата.
Поради заладувањето во Македонија го очекуваме и првиот снег на планините за оваа сезона.
Што се однесува до регионот, снежната граница би можела да се спушти дури и пониско (до околу па дури и под 1000 метри надморска височина) тоа значи дека појава на снег ќе има и во повисоките населени места, пишува Метеоаларм во најновата временска прогноза.