Силен студен бран ја погоди Грција, донесувајќи нагло опаѓање на температурите, обилни снежни врнежи, мраз и силни северни ветрови низ целата земја, објавија локалните метеоролози.
Снег, според „Екатимерини“, се очекува во планинските и ридско-планинските подрачја, но и во пониските делови од копното, при што снежните врнежи се можни веќе на надморска височина од 300 до 400 метри.
Снег е најавен и во низинските подрачја на Источна Македонија и Тракија, во регионалните единици Серес и Халкидики, како и на неколку острови од северниот Егеј, вклучувајќи ги Лимнос, Лезбос, Хиос и Споради.
Снег се очекува и во низините на островот Евија и во близина на Атина.












