Под влијание на влажни воздушни бранови од Медитеранот кои ќе бидат во склоп на поладен воздух кој ќе се спушта од север од вторник навечер (23 декември) па во деновите потоа времето во Македонија ќе биде претежно облачно и релативно ладно со повремени врнежи од дожд во поголем дел од Македонија додека на планините над 1200/1300 метри надморска височина ќе има врнежи од снег каде очекувам почеток на формирање на снежна покривка. Повремено врнежите ќе бидат пообилни а повремено ќе засилува ветер од југоисточен правец, пишува Метеоаларм во најновата временска прогноза.

И во Скопје  и околината од вторник навечер (23 декември), па во деновите потоа ќе има повремени локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат со умерен интензитет а на околните планини врнежите ќе бидат од снег. Повремено ќе засилува ветер од југоисточен правец.

Што се однесува до температурите тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 8 степени а преку ден температурите ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени а во Скопје  и околината температурата ќе се искачува до околу 7/8 степени.

Пристигнува „ѕверот од исток“

По 25 декември над Балканот се активира силен прилив на студен воздух од Сибир, Русија, па дури и од Арктикот, кој влегува во Европа преку таканаречената „Виенска порта“.

„Влегувањето во најстудениот дел од месецот носи студен воздух од североистокот на Европа, што ќе ги погоди Германија, Чешка, Австрија, а потоа и балканските земји, со ледени денови и нагло опаѓање на температурата. Европските метеоролози го нарекуваат овој феномен „ѕверот од исток“, објасни српскиот метеоролог Иван Ристиќ.

Посилно заладување и услови за „ѕверот од исток“ доаѓаат во третата декада од декември, кога се очекува посилен продор на студен воздух од североисток или северна Европа“, вели Ристиќ за српските медиуми.

 

ИЗДВОЕНИ