понеделник, јануари 26, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Струмица доби современ центар за спорт и рекреација

Струмица доби современ центар за спорт и рекреација

29

Министерството за спорт продолжува со реализација на проектите за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура, како основа за унапредување на македонскиот спорт и поттикнување на физичката активност кај граѓаните.

Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, денеска го пушти во употреба мултифункционалниот спортски центар во рамките на средното  училиште „Јане Сандански“, лоциран во центарот на градот, кој е целосно реконструиран со средства обезбедени од Министерството за спорт.

– Во рамки на современо уредениот простор за спорт и рекреација се изградени игралиште за фудбал и ракомет, кошаркарски и одбојкарски терени, како и трибина. Спортските терени се од отворен тип и се наменети првенствено за потребите на учениците од струмичката гимназија, но и за сите граѓани кои сакаат активно да го користат слободното време – соопштија од Министерството за спорт.

Оттаму додаваат дека остануваат целосно посветено на развојот на спортската инфраструктура низ целата држава, со цел спортот да биде достапен за сите граѓани и да се создадат подобри услови за здрав и активен начин на живот.

– Со континуираните инвестиции во спортски објекти ја потврдуваме определбата дека ветените проекти се реализираат во интерес на граѓаните и на македонскиот спорт – нагласуваат од Министерството за спорт.

 

ИЗДВОЕНИ