Младата струмичанка Тина Русева направи вистински спектакл во Германија со својот настап на познатото музичко шоу „The Voice of Germany“. Нејзиниот силен вокал и неверојатен перформанс таа ги освои жирито и публиката.
Настапот на Тина е голем успех не само за неа, туку и за македонската музика воопшто, бидејќи покажа дека младите таленти од нашата земја можат рамноправно да се натпреваруваат на европските сцени.
Фановите од Македонија и дијаспората со гордост ја следат нејзината кариера и ѝ посакуваат уште поголеми успеси и настапи на светските сцени.