петок, февруари 27, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Струмичани ќе добијат нов парк во новата населба Карпош

Струмичани ќе добијат нов парк во новата населба Карпош

87

Во Струмица ќе се гради нов парк на површина од 14.000 квадратни метри, кај градинката „Виножито“, во новиот дел на градот. Новата површина ќе претставува уште еден дополнителен зелен и урбан простор во новата населба Карпош, каде што ќе биде поставена современа урбана опрема, а ќе има и детски и спортски игралишта. Воедно, ќе бидат насадени околу 600 дрвја.

Паркот е заедничка инвестиција на Општина Струмица и на УНДП и е во износ од 26 милиони денари, односно 16 милиони денари ќе се обезбедат од општинската каса, а 10 милиони денари од УНДП.

– Градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во земјава, Армен Грегоријан, разговараа за соработката меѓу Oпштина Струмица и УНДП и за реализацијата на тековните проекти, со заеднички заклучок дека таа треба да се прошири во повеќе области. Во фокусот на разговорите беше проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, кој предвидува изградба на парк во населбата Карпош, дел 2 – се наведува во информацијата на општинските власти.

ИЗДВОЕНИ