Цената на електричната енергија за потрошувачите нема да се промени. Генералниот директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев денеска изјави дека на тендерот на ЕВН Хоум за купување на електрична енергија, ЕСМ нема да понуди повисока цена за произведена струја.

– Не очекувам промена на цената на електричната енергија и покрај тоа што има голема разлика меѓу нашата производстваена цена и онаа која ќе им ја понудиме да им ја продадеме на ЕВН Хоум – истакна Узунчев и рече дека нивната понуда ќе достават во текот на оваа недела. Во моментов производствената цена изнесува 98,9 евра по мегават/час, а планира да ја продавааат по 62 евра по мегават/час.

Тој истакна дека ЕСМ годинава има намалени производствени трошоци по мегават/час за цели 7 проценти и очекува и натаму да се намалуваат. Загубата меѓу производствената и продажната цена ЕСМ планира да ја надомести со продажба на дополнителни количини на електрична енергија добиена од фотоволтаичните системи, кои ќе ги продава по пазарна цена.

Узунчев очекува дека и покрај тоа што струјата произведена од хидроцентралите е поевтина од онаа од термоцентралите, поради нискиот хидропотенцијал во акумулациите и натаму да се форсира од РЕК Битола. Истакна дека на 1 септември 2024 година кога дошол на чело на АД ЕСМ имало само 9 проценти хидропотенцијал.

Компанијата на крајот на 2024 година прокнижи загуба од 123 милиони евра, што според Узунчев се должи на уништените производствени капацитети и драстично високата производствена цена на електричната енергија. Директорот планира да ја намали загубата до крајот на годинава.

(А.С.)

 

 

 

ИЗДВОЕНИ