Согласно со податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија, за 9 јануари 2026 просечната часовна цена на еден мегават- час електрична енергија (baseload) изнесува 145,31 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 125,95 евра/mwh.
Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 158,90 евра за мегават -ас, а на MEMO 124,89 евра.
Цена на Storage MAX, индекс што ја покажува разликата меѓу часовните берзански цени меѓу 12:00 и 14:00 часот наспроти часовните берзански цени во периодот меѓу 18:00 и 20:00 часот, изнесува 41,99 евра за мегават-час.
Цената на природниот гас, пак, на унгарската берза CEEGEX изнесува 32,87 евра, додека цената на, според индексот на холандската берза, TTF Dutch е 27,97 евра.
Информациите за движењето на цената на електричната енергија и на природниот гас може да помогнат за попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката на електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис-планови.












