вторник, февруари 10, 2026
Дома СКОПСКА „Стрит фуд пикник“ во Паркот на франкофонијата

„Стрит фуд пикник“ во Паркот на франкофонијата

122

Викендов ќе се одржи првиот „Стрит фуд пикник“ под отворено небо, во Паркот на франкофонијата.

Утре, в сабота и в недела, посетителите ќе уживаат во десет штанда со разновидна улична храна, креативни работилници за деца, посебно катче за милениците – пет корнер, социјални игри за дружење и смеа, како и богата музичка програма во текот на целиот ден и вечерна забава.

Градоначалникот на Општина Центар ги кани сите љубители на гастрономијата да дојдат и заеднички да уживаат во добрата храна, музиката и во дружењето.

 

ИЗДВОЕНИ