Вознемирувачки сцени на глад во Газа го обиколуваат светот/ФОТО

234
EPA/YAHYA ARHAB

Фотографии од деца од Газа деновиве се шират низ светот и предизвикуваат најголема загриженост – мали деца исцрпени од глад, без лекови, без основни услови за живот.

Бројни светски медиуми, вклучувајќи ги ABC и CNN, пишуваат за тоа.

Министерството за здравство, управувано од Хамас, соопшти дека само во претходните 24 часа, уште 15 луѓе починале од глад и неухранетост.

Меѓу неухранетите има голем број деца. Еден од нив е осумнаесетмесечниот Мухамед Закарија Ајуб ал-Матук, момче од шаторска населба во градот Газа, кое изгуби три килограми поради екстремна неухранетост и сега тежи само шест.

Според Светската програма за храна (WFP), дури 70.000 деца имаат итна потреба од медицинска помош поради акутна неухранетост, а 900.000 деца во Појасот Газа веќе страдаат од глад. Овие деца, според WFP, „гладуваат чекајќи ветувања што никогаш не доаѓаат“.

Ситуацијата се влошува од ден на ден. Повеќе од сто меѓународни хуманитарни организации предупредија дека пазарите во Газа се празни, дека болестите се шират со алармантна брзина и дека луѓето секојдневно колабираат од глад и дехидрација.

Според податоците на Обединетите нации, повеќе од 59.000 Палестинци се убиени од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во октомври 2023 година до крајот на јули 2025 година. Од нив, според Министерството за здравство во Газа, најмалку 101 лице починало од глад, вклучувајќи дури 80 деца.

Светската здравствена организација (СЗО) предупредува на „масовен изгладнување“ на населението во Газа.

ИЗДВОЕНИ