Поради тешка сообраќајна несреќа и голем пожар, штаерскиот автопат во Словенија е целосно затворен за сообраќај во двата правци на делот помеѓу раскрсниците Словенска Коњица и Словенска Бистрица – Југ.
Несреќата се случила наутро во четврток, а според првите неофицијални информации, во судирот учествувала цистерна. Пожарот ја зафатил целата ширина на коловозот, додека густ црн чад бил видлив од голема далечина, јавува 24ur.
Сè уште се чекаат официјални информации за причината за несреќата и евентуалните жртви, додека противпожарните екипи се обидуваат да го стават пожарот под контрола.
Според неофицијални информации од Радио Рогл, во сообраќајна несреќа експлодирала цистерна, а наводно во голем дел од Словенска Бистрица се слушнала силна детонација. Според истите извори, во несреќата учествувале неколку возила.
На возачите им се препорачува да го избегнуваат овој дел од автопатот и да ги следат упатствата на надлежните служби поради опасноста и густиот чад.












