Земјотрес со јачина од 4,4 степени по Рихтер денес го погоди регионот Флегриски полиња, склонен на земјотреси, во близина на Неапол, предизвикувајќи паника кај жителите на улиците, прекин на локалните железнички услуги и евакуација на училиштата.
Како што објави агенцијата Анса, ова е најновиот во долгата серија земјотреси во областа.
Покрај училиштата, затворена е и локалната филијала на Универзитетот во Неапол.
Земјотресот беше почувствуван и во самиот Неапол, каде што беа евакуирани и училиштата.
По најсилниот земјотрес следеле седум послаби, според Анса.
Министерот за цивилна заштита Нело Мусумечи свика состанок со надлежните служби за да се утврди какви мерки ќе се преземат по земјотресот.
Локалните жители рекоа дека прво се слушнал многу гласен татнеж, а потоа се чинел како земјата да ќе експлодира.
Во областа Флегрејски полиња имало подигнување на земјата, а во текот на изминатата година се регистрирани и низа земјотреси. Локалните жители апелираа до властите да воведат засилени безбедносни мерки за да ги заштитат од сè почестите земјотреси.
Министерот Мусумечи назначи специјален комесар за областа Флегрејски полиња, кој ќе преземе мерки за спречување на ризикот, објави Анса.
Се стравува од ерупција на супервулкан
Мусумечи рече дека урбаниот развој во оваа вулканска област се одвива со децении, што не требало да се случи.
Супервулканот познат како Кампи Флегери се наоѓа во близина на Неапол. Тоа е голема вулканска област која се состои од многу кратери и калдери, од кои некои се исполнети со вода и формираат езера.
Кампи Флегреј е еден од најопасните вулкани во светот, поради својата големина, сложеност и близина до густо населена област. Тие се дефинирани како супервулкани бидејќи имаат потенцијал да предизвикаат ерупција со јачина од осум степени, способна да ослободи повеќе од 800 кубни километри материјал.
🚨 Uno sciame sismico è in corso ai #CampiFlegrei: 7 scosse in 30 minuti ⏱️. La più forte di magnitudo 4.4, epicentro in mare vicino a Pozzuoli. Circolazione ferroviaria sospesa per controlli di sicurezza. #Napoli #sisma #Campania #INGV 🛑🚆#terremoto pic.twitter.com/Ttbk7cKf7r
— Araldo Italiano (@AraldoItaliano) May 13, 2025