Страв кај локалното население: Русија распореди мистериозни летала на границата со НАТО пактот

91

Русија распореди мистериозни воздушни бродови на границата со НАТО, предизвикувајќи стравувања дека тие би можеле да бидат дел од нова разузнавачка операција или подготовка за можен напад.

Бело летало слично на вселенски брод е забележано на руската страна од границата во близина на Нарва, третиот по големина град во Естонија, објави британскиот „Дејли меил“.

Мистериозни летала на границата со НАТО

Естонските власти првично одлучија да го игнорираат сомнителниот воздушниот брод, но следниот ден беа активирани тревоги кога воздушниот брод се врати – овој пат со истакнато Z, симбол на инвазијата на Владимир Путин врз Украина.

Инцидентот предизвика страв и конфузија во Естонија, а директорот на естонската гранична полиција, Егерт Беличев, изјави: „Вакво нешто гледаме речиси секоја недела“.

Тој исто така нагласи дека сè е направено за да се испрати пораката: „Ве набљудуваме“.

„Тие се обидуваат да предизвикаат реакција. Сакаат да видат како ќе реагираме“, рече Беличев.

Воздушните бродови предизвикуваат загриженост и кај локалното население на Естонија, кое се плаши дека ова би можело да биде претходница на руски напад.

„Постојано размислуваме за тоа. Нашиот премиер рече дека ако Украина победи, ние сме безбедни, а ако не, ние сме во голема неволја, тоа е ужасна помисла“, изјави една жена за британскиот весник „Телеграф“.

ИЗДВОЕНИ