Кијану Ривс (61) и неговата долгогодишна партнерка, уметницата Александра Грант (52), решија да стават крај на сè погласните шпекулации за наводната венчавка – и тоа на најшармантен можен начин: со објавување на заедничка фотографија од бакнеж со иронична порака.
На Инстаграм, Грант сподели фотографија на која се бакнува со познатиот актер, направена за време на нивната посета на уметничка инсталација во Аризона.
Причина? Сè поголем број честитки на социјалните мрежи упатени до двојката за венчавката што никогаш не се случила.
„Ова е вистинска фотографија. Не е фотографија од свршувачка, не е објава за свадба генерирана од вештачка интелигенција… Само бакнеж! (Можеби момент пред или потоа, судејќи според глупавите изрази на нашите лица“, напиша Грант во описот.
А, потоа додаде со насмевка и иронична порака.
„Ви благодарам на сите за желбите за венчавката. Едноставно… Не се венчавме. На сите ни требаат добри вести овие денови, но ова е сè уште лажно – затоа бидете внимателни. Еве малку вистинска среќа“, напиша Грант.
Ривс и Грант се забавуваат од 2019 година, кога првпат се појавија јавно заедно во Лос Анџелес.
Грант претходно откри колку го цени својот партнер во интервју за People во септември 2023 година.
„Тој е толку креативен и љубезен. Тој е инспирација. И навистина работи напорно“, рече Грант.