Страшно злосторство кај Трст: Украинка го убила деветгодишниот син

101

Страшна трагедија го потресе италијанскиот град Муџа во близина на Трст, каде што мајка синоќа го убила својот деветгодишен син во семејната куќа пресекувајќи му го гркланот.

Жената е од украинско потекло и била разведена од таткото на момчето, а семејството, според достапните информации, било под надзор на судот и социјалните служби, пишува италијанскиот „Ил Месаџеро“.

Злосторството е откриено откако таткото на момчето, кој не живее во регионот Фриули-Венеција Џулија, се загрижил бидејќи не можел да стапи во контакт со својата поранешна сопруга.

Тој ја контактирал полицијата, која, по пристигнувањето во станот во центарот на Муџа, го пронашла телото на детето. Лекарите можеле само да ја потврдат смртта.

ИЗДВОЕНИ