четврток, јули 16, 2026
Дома БАЛКАН Страотни сообраќајки во Турција: Во две несреќи загинаа 12 лица/ВИДЕО

Страотни сообраќајки во Турција: Во две несреќи загинаа 12 лица/ВИДЕО

426

Дванаесет лица, меѓу кои и едно бебе, загинаа, а 44 се повредени во две сообраќајни несреќи во Турција. Осум лица, меѓу кои и едно бебе и неговиот татко, загинаа синоќа, а 33 се повредени кога автобус од непознати причини излетал од патот, удрил во заштитна ограда и се запалил во јужна Турција, објави ТРТ Хабер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ntv (@ntv)

Автобусот патувал од Измир кон Анталија кога се случила несреќата на автопатот Денизли-Ајдин во близина на селото Сарајкој. Првичните информации од истрагата укажуваат дека возачот ја изгубил контролата врз возилото пред судирот, а се сомнева дека станува збор за технички дефект или момент на невнимание.

Покрај несреќата во Денизли, уште една сериозна несреќа се случи во друг дел од Турција, во која загинаа четири лица.

ИЗДВОЕНИ