Страотни поплави во Романија однесоа три животи: Илјадници домови оштетени, стотици евакуирани/ВИДЕО

213

Во силните поплави што се случија во текот на ноќта во источна Романија загинаа три лица, илјадници домови беа оштетени, стотици луѓе се евакуирани, а хеликоптерите ги бараат оние што не успеаја да се евакуираат, соопштија официјални лица во понеделник.

25 села погодени од обилни дождови
Околу 25 села во девет окрузи беа погодени од обилни дождови и силни ветрови, кои корнеа покриви и искорнуваа дрвја, блокирајќи го сообраќајот на државните патишта, објави Агенцијата за вонредни ситуации.

Најпогодени беа окрузите Неамт и Сучава во јужна Романија, каде што две реки се излеаја од коритата, при што загина 66-годишен маж и стотици луѓе беа принудени да се евакуираат. Сите патишта што водат до селото Брстени во округот Сучава се блокирани.

Агенцијата за вонредни ситуации подоцна соопшти дека во поплавите загинале и две жени, на возраст од 85 и 83 години.

Агенцијата за управување со водите при Министерството за животна средина соопшти дека некои реки достигнале рекордни нивоа. Тие додадоа дека се во тек e санирање на оштетените мостови.

ИЗДВОЕНИ