На мрежата Икс (поранешен Твитер) се појави драматично видео кое го прикажува моментот кога мексикански брод за обука удира во Бруклинскиот мост во Њујорк. Во несреќата загинаа две лица, додека 19 се повредени, од кои двајца се во критична состојба, потврди утринава градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс.
Видеата на интернет покажуваат како бродот за обука Куахтемок се приближува до иконскиот мост над реката Ист, крај Менхетен, што го поврзува округот Њујорк со Бруклин. Неговите јарболи од 45 метри биле превисоки за да поминат под мостот и се скршиле во моментот на судирот.
На палубата можеа да се видат бројни поморски кадети облечени во бели униформи. Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс изјави дека во тој момент на бродот имало 277 луѓе.
Son of a bitch! A boat just got taken out by a very busy Brooklyn Bridge! Hope everyone’s okay, both in the boat and on the Bridge!!!
pic.twitter.com/gHcj8uqq0v— bluebonnetdem NO FUCKS LEFT💙🐾 (@McElroyMarra) May 18, 2025
„Никој не падна во вода, сите што беа на бродот се повредени“, изјави полициски службеник.
Официјалниот претставник рече дека механичките проблеми најверојатно ја предизвикале несреќата, без да наведе други детали.
Earlier tonight, the Mexican Navy tall ship Cuauhtémoc lost power and crashed into the Brooklyn Bridge.
At this time, of the 277 on board, 19 sustained injuries, 2 of which remain in critical condition, and 2 more have sadly passed away from their injuries. pic.twitter.com/mlaCX0X8Mh
— Mayor Eric Adams (@NYCMayor) May 18, 2025
На една од основите на висечкиот мост, лоциран во близина на пристаништето South Street во Њујорк, на видеото се гледаат минувачите како трчаат во страв додека големиот едреник удира во мостот и се врти кон пристаништето.
Мостот, популарна туристичка атракција и главен сообраќаен канал помеѓу Менхетен и Бруклин, беше завршен во 1883 година. Во тоа време тој беше најголемиот висечки мост во светот.
Мостот не претрпел поголеми оштетувања, изјави претставник на сообраќајот во Њујорк. Сообраќајот е повторно отворен во двата правци по претходен увид.
Мексиканското Министерство за надворешни работи објави на социјалните мрежи дека мексиканскиот амбасадор во САД и други официјални лица им помагаат на погодените кадети и се во контакт со локалните власти.
Брод Cuauhtemoc е изграден во бродоградилиштето Селаја во Билбао, Шпанија во 1981 година. Неговата посета на Њујорк требаше да заврши во сабота навечер.