Страотна несреќа во морето кај Западна Африка: Над 70 лица загинаа откако се преврте брод со мигранти

29
Foto: EPA

Најмалку 70 лица загинаа откако брод со мигранти се преврте покрај западниот брег на Африка, соопшти Министерството за надворешни работи на Гамбија.

Се стравува дека уште 30 лица се мртви откако бродот, за кој се верува дека отпловил од Гамбија и во кој превезувал претежно државјани на Гамбија и Сенегал, потона покрај брегот на Мавританија во среда, 27 август.

Се проценува дека на бродот имало 150 лица, од кои 16 биле спасени.

ИЗДВОЕНИ