Во селото Мршаќ на територијата на Краљево, Србија се случила тешка несреќа во која две тинејџерки се тешко повредени. На вознемирувачкото видео се гледа автомобил кој влече санка во која се наоѓаат две девојки на возраст од 16 и 17 години, а потоа уште еден автомобил кој го осветлува патот.

Овој вид лудо возење е опасен само по себе, но сето тоа се случува на многу лизгав пат полн со снег и мраз, што е дополнителен ризик на кој никој не треба да биде изложен.

Во еден момент, автомобилот забрзува и девојките паѓаат од санката, а возилото зад нив не можело да застане и ги прегазило. Двајцата возачи се уапсени – деветнаесетгодишниот Л. П. и триесет и петгодишниот Ѓ. Ј.

Ве предупредуваме дека видеото е вознемирувачко!

Инаку, Л. П. возел патничко возило „Фолксваген“ со пробна дозвола во среда околу 22 часот во населбата Мршаќ во близина на Краљево, влечејќи санка. Санката превезувала 16 и 17-годишни девојки. Тие паднале од санката на улицата кога во нив удрил „фиатот“ на Ѓ. Ј. Тој возел зад санката, за да се осигури дека нема друго возило зад нив.

Возачите се предадени на Основното јавно обвинителство во Краљево.

Според српските медиуми една тинејџерка има повреда на ногата, а другата повреда на главата, но нивните повреди не се опасни по живот.

Најверојатно снимале видео за социјалните мрежи.

ИЗДВОЕНИ