среда, септември 2, 2026
Дома СВЕТ Страотен пожар во Норвешка: Пеплосани повеќе од 50 куќи/ВИДЕО

Страотен пожар во Норвешка: Пеплосани повеќе од 50 куќи/ВИДЕО

103

Повеќе од 50 куќи беа уништени во пожар што избувна денес во близина на градот Драмен во јужна Норвешка, но нема веднаш извештаи за жртви или исчезнати лица, соопштија спасувачките служби.

Според извештаите, напорите за гаснење на пожарот биле попречени од силни ветрови, објави Ројтерс.

Густ црн чад ја покрил областа околу 50 километри западно од Осло, а пожарот зафатил населба со ред поврзани куќи.

Најмалку 60 пожарникари учествувале во гаснењето на пожарот, а дополнителни сили пристигнале од блиските области, а биле распоредени и хеликоптери.

Полицијата евакуирала стотици луѓе додека пожарот продолжил да се шири во блиската шума.

Точната причина за пожарот сè уште не е позната, соопшти агенцијата.

ИЗДВОЕНИ