Странските тестови покажале дека Алексеј Навални бил отруен, тврди неговата сопруга

26
Фото: EPA

Јулија Навални, сопругата на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, денес изјави дека странските лабораториски тестови на биолошките примероци од нејзиниот сопруг потврдиле дека тој бил отруен.

Во видео порака објавена на платформата X, Навални рече дека биолошкиот материјал на нејзиниот сопруг бил успешно шверцуван во странство во 2024 година, каде што две лаборатории ги анализирале примероците.

„Двете лаборатории во различни земји дошле до ист заклучок: Алексеј бил убиен. Поточно, бил отруен“, рече таа.

Таа побара лабораториите да ги објават своите наоди за, како што рече, „неудобната вистина“, но не откри кој токсин бил пронајден. Минатата година, Навални ги отфрли информациите на руските истражители дека Навални починал поради „комбинација на болести“.

Американските разузнавачки агенции утврдија дека претседателот Владимир Путин не издал наредба за негово убиство, според AP и Wall Street Journal.

ИЗДВОЕНИ