Странските работници и самците ги качија кириите на становите во Скопје

Во Белград, становите месечно се изнајмуваат за 1.000 евра, а и ние не сме ништо подобри. И покрај тоа што сме далеку од оваа сума, цените за изнајмување не се занемарување и се движат од 300 евра, па нагоре, за месец. Познавачите на состојбите на пазарот велат дека кириите, освен поради цените на становите, растат и поради зголемената побарувачка. Во Скопје, последниве години има многу студенти и странски работници, а најбројни се Турците. Освен од странци, во последно време е зголемена и побарувачката на станови од младите што работат, што се финансиски независни и не сакаат да живеат со родителите

391

Не запира трендот на раст на цените на становите, со кој растат и кириите за становите. Рекордер по високите цени е соседна Србија, каде што цената за месечно изнајмување стан надмина 1.000 евра, а највисоки се кириите во Белград на Вода. И покрај тоа што ние сме далеку од оваа сума, цените за изнајмување не се занемарување и се движат од 300 евра, па нагоре, за месец. Познавачите на состојбите на пазарот велат дека кириите, освен поради цените на становите, растат и поради зголемената побарувачка. Во Скопје, последниве години има многу студенти и странски работници, а најбројни се Турците. Освен од странци, во последно време е зголемена побарувачката на станови и од младите што работат, што се финансиски независни и не сакаат да живеат со родителите.

– Кириите растат, затоа што има многу странци што се дојдени да работат во Македонија. Освен кај нас, тој бран работници од азиските земји е присутен и во Србија и таму кириите се многу качени. Приливот на странски работници придонесе да се зголеми побарувачката за станови, пред сè во Скопје, а тоа, пак, придонесе до повисока цена на изнајмувањето. Сопствениците на станови го искористија овој тренд и ги зголемија кириите. Цената не е зголемена само поради домашното население, студентите и работниците од внатрешноста на државата туку и поради странските студенти и работници – изјави за весникот ВЕЧЕР Никола Велковски, градежен експерт.

Тој вели дека има многу млади брачни двојки или самци што живеат под кирија бидејќи многу порасна цената за квадратен метар и не може да си дозволат да купат стан. Од агенциите за изнајмување на недвижности велат дека и за да изнајмиш стан, треба да имаш пари бидејќи, освен првата кирија, треба да оставиш и депозит.

– За да изнајмиш стан, треба да имаш пари бидејќи освен првата кирија, треба да оставиш и депозит, кој е, всушност, последна кирија и треба да ѝ платиш 50 отсто од првата кирија на агенцијата. Така, на пример, доколку се изнајмува станот за 300 евра, кираџијата треба да плати 750 евра од старт, односно 300 евра за првата кирија, 300 евра депозит или последна кирија и 150 евра за агенцијата. Најбрзо се издаваат малите станови, кои се наоѓаат во централното градско подрачје. Но, и покрај тоа што се работи за гарсониери или за еднособни станови, кириите не се многу пониски од оние за поголемите станови. Цената на изнајмување, освен од големината на станот, зависи и од тоа дали е стар станот или реновиран, дали е опремен, како и од локацијата – велат од една агенција за недвижности во Скопје.

Во Белград, пак, на цената за изнајмување најмногу влијае локацијата, односно населбата. Така, најскапо се изнајмуваат становите во Савски Венец, Стар Град, Нов Белград, Врачар….каде што цените за изнајмување за еден месец се движат од 500 до 1.000 евра, а најбарани се гарсониерите и еднособните станови, а помалку поголемите.

Додека, пак, во Белград на Вода, Дедиње и Сењак, каде што претежно се издаваат луксузни станови, кириите надминуваат 1.000 евра месечно. На периферијата или, пак, во мирните делови од градот, становите се издаваат нешто поевтино и цените се движат од 300 евра, па нагоре.

Во споредба со Белград, кириите во другите градови во Србија се многу пониски. Така, на пример, во Нови Сад и во Ниш цените за изнајмување станови се движат од 250 евра, па нагоре.

Нашите градежните експерти велат дека државата треба да обезбеди евтини станови за младите, кои ќе се доделуваат по некои однапред утврдени критериуми, а не да се даваат на лицитација, каде што, пак, цената е висока и достигнува до 2.000 евра за квадратен метар.

Неодамна, директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Марјан Стефановски, потврди дека цените на становите излегуваат од рамките на реалното и објективното. Според него, поголемиот дел од тековната понуда на станови на пазарот доаѓа од приватни градежни компании, кои ги определуваат цените според сопствените деловни модели, а не според пазарната логика.

(А. С.)

ИЗДВОЕНИ