Странски државјанин пронајден починат во хотелска соба во Битола

54

Шеесет и деветгодишен маж од Австралија вчера бил пронајден починат во хотелска соба во Битола.

Како што се наведува во полицискиот билтен, на 27.08.2025 во СВР Битола, било пријавено дека во хотелска соба во Битола бил пронајден починат  С.С.(69) од Австралија. Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

ИЗДВОЕНИ