сабота, февруари 14, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Стопанската комора на Србија презентираше нов водич за водење бизнис во Македонија

Стопанската комора на Србија презентираше нов водич за водење бизнис во Македонија

46

Стопанската комора на Србија (ПКС) го претстави најновиот бизнис-водич за пазарот на Македонија, наменет за сите домашни компании што сакаат да почнат или да прошират бизнис, да воспостават нови партнерства или да истражат можности за извоз и инвестиции. Публикацијата е достапна бесплатно на веб-страницата на Комората и е дел од пошироката иницијатива на ПКС за обезбедување на домашните компании со конкретни, практични алатки за влез на регионалните пазари.

– Инвестирањето во знаење е првиот чекор кон успешна регионална експанзија. Регионот е клучен извозен пазар и поради географската близина, сличната деловна култура, минималната јазична бариера и веќе добрите трговски врски, што ги прави овие пазари идеални за започнување извоз, нудејќи стабилна побарувачка и лесно достапни можности за домашните компании – нагласува Ѓорѓије Радовиќ од Центарот за регионална соработка ПКС.

Водичот за Македонија е четврти по ред, по веќе објавените водичи за Словенија, Хрватска и за Албанија.

– Сите водичи се резултат на долгогодишната работа и на професионалното искуство на тимот на Српската стопанска комора, кој континуирано ги следи деловните трендови и специфики на пазарот во Северна Македонија, но и во другите земји во регионот. Вредноста на овие публикации се огледа во фактот што се создадени врз основа на секојдневната комуникација со компаниите и врз основа на најчестите прашања и дилеми на членовите, поради што претставуваат исклучително корисен ресурс за практично работење – додава Радовиќ.

Најчестите прашања се поврзани со даноците, процедурите за отворање компании, процедурите за инвестирање, јавните набавки, добивањето работни дозволи и со други административни чекори. Целта на ПКС е да биде сигурна и ефикасна услуга за домашната економија, така што компаниите навремено имаат сигурни информации за бизнисот и успешно ги пласираат своите производи и услуги на пазарите во регионот.

Претходните публикации се покажаа како вреден ресурс за српските компании што се стремат да го прошират својот бизнис во регионот и бараат проверени информации за донесување деловни одлуки.

Според податоците за 2024 година, вкупната размена на стоки меѓу Србија и земјите од регионот изнесувала речиси 10 милијарди евра. Од тоа, извозот претставувал 6,4 милијарди евра, што е една петтина (21 %) од вкупниот српски извоз од 30,4 милијарди евра. Овие податоци ја нагласуваат клучната стратешка улога на регионалниот пазар во српската економија. Во овој контекст, регионалната економија не е само можност за раст туку и поддршка за стабилноста на извозната ориентација на Србија.

Центарот за регионална соработка, ПКС, најавува дека наскоро ќе бидат достапни нови водичи за пазарите во Босна и Херцеговина и во Црна Гора, со што ќе се заокружи еден од важните сегменти на поддршка за домашните компании што планираат да влезат на пазарите во околното подрачје.

Сите четири бизнис-водичи (Словенија, Хрватска, Албанија, Македонија) се целосно бесплатни и достапни за преземање во дигитален формат (PDF).

ИЗДВОЕНИ