Почетокот на претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година, кога ќе биде нашиот сениорски тим побогат со одредена доза искуство, со присуството на Стојан Ѓуроски.
Искусниот кошаркар изрази задоволство што повторно е дел од тимот:
- Чувството е одлично. Задоволство е и гордост да се претставува Македонија. Не настапив на последните мечеви поради повреда и убаво е што пак сме заедно. Мислам дека ни следува одлична атмосфера, да ги анализираме противниците и да се подготвиме за следните два меча. Уште ги немаме гледано ривалите, но ние одиме на победа без разлика кој е на другата страна. Имаме три дена подготовки, но за сите е исто. Имаме неколкумина повратници во екипата, сме играле и со Вајли заедно, така што нема да имаме проблеми да се уиграме – смета Ѓуроски.
Македонија ќе го игра натпреварот против селекцијата на Азербејџан на 27 ноември (во 19:00 часот), во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.











