Викендов се одиграа неколку дуели во ракометната Суперлига, а најинтересен дуел, барем резултатки, беше натпреварот помеѓу Еурофарм Пелистер2 и Тинекс Пролет Скопје.
И двата тима се борат за опстанок и се на сигурен пат да останат во Суперлигата и во наредната сезона, а дуелот во Битола му припадна на скопскиот тим, кој благодарение на феноменалното издание на крилниот играч Никола Стоилевски, оствари победа од 23:21.
Инаку, Стоилевски, кој е поранешен играч на Еурофарм Пелистер2, мечот го заврши со осум погодоци од 10 удари. Тој имаше стоотстотен ефект од игра (4/4), а одлична партија пружи и Марко Трајков на голот, кој запиша 17 интервенции.











