Сто и дваесет хигиеничари деноноќно работат поради нефункционалноста на ЈП „Комунална хигиена“

169

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во телевизиско гостување информираше дека во делот на хигиената и чистењето на сметот од улиците иницирал да се преземат обврските од Град Скопје и секоја општина да оформи свое комунално претпријатие за да нема депонии.

– Проблемот со отпадот е најголем во градот Скопје, се бориме заедно со другите градоначалници. Иницирав ние да ги преземеме обврските од Град Скопје и да го преземеме јавното претпријатие „Комунална хигиена“, секоја општина да си оформи свое комунално претпријатие, кое ќе го подигне нивото во општината, ќе нема смет во општините. Ние имаме дополнителна опрема, а планирани се и две нови цистерни и пет метларки. Имаме 120 хигиеничари, кои деноноќно работат за да ја подигнат хигиената на највисоко ниво. Во моментов се поставени, но и континуирано поставуваме нови контејнери за кабаст отпад во Општината – рече Герасимовски.

Toj, тимот советници и хигиеничарите во саботата ја чистеа дивата депонија во населбата Крњево.

– Не само што секојдневно чистиме по улиците и околу контејнерите, ние сме и во Крњево за да ги исчистиме и дивите депонии. Заедно со нашиот тим, ќе ни бидат потребни неколку дена за целосно да го расчистиме просторот. Продолжуваме и понатаму посветено да се грижиме за хигиената во Општина Центар, тоа е наш приоритет- рече Герасимовски.

Тој ги повика граѓаните да се подигне свеста на повисоко ниво и да се почитува начинот на кој се фрла отпадот.

 

ИЗДВОЕНИ