Сто деца до 10 години згрижени во центарските градинки

19

Општина Центар и ова лето обезбедува згрижување на децата од прво до трето одделение (до 10 години) во детските градинки на подрачјето на локалната самоуправа. Во моментот се згрижени над 100 деца во седум клона на градинките „13 Ноември“, „Кочо Рацин“ и „Раде Јовчевски- Корчагин“.

За упис, потребни се апликација, доказ за вакциналниот статус и фотокопија од лична карта, како потврда дека детето е жител на Општина Центар.

– Наш приоритет е секое дете да добие квалитетна грижа, а родителите да имаат поддршка во текот на летото. Поради зголемениот интерес од родителите, ја проширивме листата на објекти во кои се згрижуваат деца – посочи градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Децата се примаат во седумте клона, и тоа: детската градинка „Раде Јовчевски-Корчагин“ – клон Пинокио; градинката  „Кочо Рацин“ – клонови  „Матичен“, „Бели мугри“ и „Наум Наумовски-Борче“, како и градинката „13 Ноември“ – клонови „Матичен“, „Беко“ и „Парк“.

Поради големиот интерес, капацитетите на градинките се речиси исполнети, а во другите има уште малку слободни места.

Во текот на летниот период, Општина Центар континуирано им излегува во пресрет на родителите со работни обврски, згрижувајќи ги повозрасните деца во градинките, каде што може да се дружат и да се социјализираат, квалитетно поминувајќи го своето време.

 

 

ИЗДВОЕНИ