Стив Виткоф под лупа за кршење на дипломатскиот протокол: На состанокот со Путин пристигнал без стенограф

225
Foto: Printscreen

Специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, предизвика скандал со тоа што пристигна на состанокот со Путин без стенограф. Нема белешки, а американските и европските претставници се обидуваат да откријат што навистина рекол рускиот претседател.

Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, е под лупа за кршење на стандардните дипломатски правила за време на разговорите со рускиот претседател Владимир Путин, бидејќи пристигнал без стенограф од Стејт департментот, објави Ројтерс, повикувајќи се на извори.

„Виткоф, магнат за недвижности без претходно дипломатско искуство, го прекршил стандардниот протокол со тоа што пристигнал без стенограф од Стејт департментот, па затоа немало официјални белешки за прецизните предлози што ги дал Путин“, изјавил извор „запознаен со внатрешната динамика на администрацијата“, според агенцијата.

По телефонскиот повик од 7 август, во кој учествуваше и Виткоф, европските лидери побараа појаснување од своите американски колеги за тоа што Путин му кажал на специјалниот пратеник на Трамп, соопштија европски и американски претставници. Некои високи американски претставници, вклучувајќи го и претставникот за Украина, Кит Келог, и државниот секретар Марк Рубио, првично не биле свесни за сите детали од состанокот, велат изворите.

Виткоф претходно зборувал за ставовите на рускиот претседател за решавање на конфликтот во Украина. Тој рече дека Путин им рекол за време на разговорите дека сака мир во Украина. Виткоф, исто така, рече дека украинската криза е исклучително тешка и нагласи дека администрацијата на Трамп е посветена на наоѓање решение.

 

ИЗДВОЕНИ