Општина Центар ги повикува учениците од општинските основни училишта да аплицираат за стипендии во три категории: спорт; култура; науки, техника и посебни вештини.
Како што соопштија од Општината, стипендиите изнесуваат од 2.500 до 3.500 денари месечно, во зависност од категоријата за која аплицираат, во текот на осум месеци од тековната учебна 2025/2026.
– Општина Центар и годинава инвестира во младите, во нивните креативност, знаење и спортски дух. Нивните постигнувања се афирмација не само за нашата локална самоуправа туку и за целата држава – изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
Секој ученик може да аплицира само во една категорија.
Потребно е да се достави потврда за редовно школување или доказ за живеалиште, кратка биографија, контакт на родителот или на старателот, фотокопии од свидетелствата, добиените признанија и наградите, како и потврди од надлежните федерации или организации каде што е потребно.
Од Општината наведуваат дека се поднесуваат документите во архивата на Општина Центар или по пошта, на улицата „Михаил Цоков“ бр 1, со соодветна назнака за категоријата.
Крајниот рок за пријавување е 23 септември 2025 година.