Кошаркарскиот клуб Пелистер и официјално ќе игра во Лигата на шампионите на ФИБА следната сезона.

ФИБА официјално ги објави имињата на учесниците во ЛШ, при што името на Пелистер се наоѓа меѓу 24. клуба што ќе играат квалификации за место во ЛШ. Според пропозициите, овие 24 тима ќе бидат поделени во три групи, а само победниците во секоја група ќе обезбедат пласман во главната фаза од Лигата на шампионите.

Потенцијални ривали на Пелистер во овие квалификации се екипите на: Бакен (Данска), Бурса (Турција), Орадеа (Романија), Шалон (Франција), Фалко (Унгарија), Фрибург (Швајцарија), Ден Борш (Холандија), Јувентус (Литванија), Калев (Естонија), Карху (Финска), Кутаиси (Грузија), Левен Брауншвајг (Германија), ПАОК (Грција), Патриоти Левице (Словачка), АЕК Ларнака (Кипар), Порто (Португалија), Реџана (Италија), Студентски центар (Црна Гора), Рилски спортист (Бугарија), Трепча (Косово), Мурсија (Шпанија), Антверпен (Белгија) и вицешампионот на Полска.

ИЗДВОЕНИ