И Општина Гази Баба, по општините Карпош и Центар почна со собирање на комуналниот смет по улиците.
Викендов, Јавното комунално претпријатие „Гази Баба2007“ го собираше комуналниот смет од улиците во: Хиподром, Маџари, Колонија, Трубарево, Железара, Автокоманда и Јурумлери. Притоа биле транспортирани 15 камиони комунален смет до депонијата „Дрисла“.
Од Општината информираат дека паралелно со тоа се расчистувала и дивата депонија во Јурумлери.
– Жално е што, и покрај тоа што граѓаните редовно плаќаат, не ја добиваат услугата што ја заслужуваат. Народот е заложник на неспособниот менаџмент на Град Скопје и ЈП Комунална хигиена. Но, ова ќе се смени. За ваквата состојба мора да има и ќе има одговорност – со име и презиме. За сите злоупотреби поради кои Скопје денес е една голема депонија – истакна градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.