Стефковски: Ќе изградиме 40 детски забавни катчиња, и два адреналински паркови во Гази Баба  

14

„Во изминативе четири години направивме многу. Реализиравме 670 нови проекти насекаде низ нашата Гази Баба, изградивме 32 километри нова мрежа на фекална канализација, градиме три нови детски градинки во Трубарево, Инџиково и Маџари, изградивме училишни спортски сали во Булачани и Стајковци, а градиме нова сала и во Црешево, градиме нова училишна зграда за ООУ Крсте Мисирков во Ченто и комплетно го реконструираме Домот 11 Октомври кој долги години беше ветуван и заборавен. Инвестираме и во спортот, животната средина, и социјалната заштита“, рече Стефковски.

Стефковски наброи дел од проектите на изборната програма.

„Во програмата се испишани реални проекти кои ќе го продолжат развојот во сите населени места низ општина Гази Баба. Во следните четири години: Ќе изградиме нови детски градинки во Керамидница, Хиподром 2 и Сингелиќ, ќе го реализираме проектот нула комуналии за изградба на куќи за млади брачни парови до 29 години, ќе изградиме училишни спортски сали во Железара, Сингелиќ, Страчинци и Ченто, ќе ги субвенционираме граѓаните за изградба на енергетско ефикасни фасади на зградите, ќе изградиме катни гаражи во Автокоманда и во Ченто, ќе отвориме дневен центар за деца и лица со попреченост, ќе изградиме затворен базен во Автокоманда, ќе ги реконструираме поголемите локални сообраќајници низ општината како што се Лазар Поп Трајков во Автокоманда, Анри Барбис и Карл Хрон во Триангла, Среќко Пужалка, Финска и Трајко Китанчев во Ченто, Пехчевска во Хиподром и многу други улици, ќе изградиме клучка кај Хиподром и ќе направиме комплетна реконструкција на регионалниот пат 1102, овие проекти ќе ги реализираме во соработка со Јавното претпријатие за Државни патишта, ќе изградиме 40 нови детски забавни катчиња, насекаде низ Гази Баба, ќе изградиме два адреналински паркови. Во мојот втор мандат Раштак, Булачани, Виниче, Брњарци и Ергеле ќе добијат фекална канализација, а комплетно ќе ја завршиме започнатата изградба на фекална канализација во Јурумлери, Идризово и Дрма, Чукур Маало и Гоце Делчев“, истакна Стефковски.

На крај, Стефковски ги повика граѓаните да го направат вистинскиот избор, и да го заокружат бројот 9 за работа, сигурност и развој на општината.

„Да излезете и да ја направите вистинската разлика. Не само за мене, туку за себе, за вашите деца, за иднината на Гази Баба. Да го заокружите бројот 9, затоа што тоа значи работа, сигурност и развој. Јас дадената доверба ќе ја оправдам со уште повеќе труд, уште поголема одговорност и уште поголема љубов кон овој народ“, дециден е Стефковски.

ИЗДВОЕНИ