Бобан Стефковски, кандидат за градоначалник на општина Гази Баба беше гостин во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа. Стефковски зборуваше на темите за транспарентност и отчетност, проблемот со депонијата Вардариште, а го спомена и граѓанскиот штаб во Хиподром како отворено место за сите граѓани на општина Гази Баба.
„Ова е резултат којшто искрено ме израдува мене, да се биде прва институција по транспарентност во скопскиот плански регион, според Центарот за граѓански комуникации, која што е независна и реномирана организација е сериозно признание“, рече Стефковски.
Стефковски додаде дека тоа што општина Гази Баба е прва општина со 98% транспарентност и отченост, значи дека постои доверба меѓу граѓаните и институциите.
„Докажавме дека може да се влее една заедничка одговорност меѓу локалната самоуправа и вработените и граѓаните. Ќе се трудам и понатаму да ја продожиме таа транспарентност и отчетност, затоа што преку тоа граѓаните имаат увид каде се трошат нивните пари, на кој начин функционира општината и кои се приоритетни проекти што се реализираат“, кажа Стефковски.
Стефковски посочи дека Гази Баба има граѓански штаб, за кој веќе имаше свечено отворање и е замислен како отворено место за сите граѓани, независно од нивната политичка определба. Како што вели тој, неговата цел е преку активности со невладини организации, културни и здравствени работници, како и спортски клубови, да се создаде простор за дијалог и соработка.
„Лично сметам дека целта на овој граѓански штаб ни е многу јасна а тоа е да ги отвориме вратите за сите граѓани без разлика кој е политички активен и кој ја дал поддршката за мене или не ја дал. Покрај тоа што имаме партиски штабови во голем дел од население места, таму мооже да се приклучат и наши сопартијци, поддржувачи, симпатизери и обични граѓани. Овој граѓански штаб има за цел да ги отвори вратите за сите. Ќе имаме низа на активности со НВО, со културни работници, здравствени работници, спортски клубови. Веќе е направена соодветна програма. Веќе се остварени одредени комуникации. Тој се наоѓа во Хиподром на улица Благоја Стефковски, во зградите на поранешна млекара. Веќе имавме промотивно отворање. Го ценам она што тука веќе се работи за принципи и вредности. Овие 4 години покажавме сериозен напредок дека во Гази Баба може да се работи“, кажа Стефковски.
Стефковски зборуваше и на темата за депонијата Вардариште и нагласи дека проблемот со Вардариште е заеднички предизвик за сите, вклучително и за него и неговото семејство.
,,Се сочувствувам со проблемот со Вардариште, затоа што и јас живеам во Гази Баба моите деца живеат во Гази Баба, она што не тангира сите е проблемот со амбиенталниот воздух и проблемот со дивите депонии на кои што треба да им ставиме крај“, истакна Стефковски.
Стефковски на оваа тема дополни дека, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, има план како да го реши овој проблем. Тој потсети и на веќе познатите информации за ова прашање, нагласувајќи дека крајот на дивите депонии и подобрувањето на амбиенталниот воздух се приоритети од интерес на целата заедница.
,,Ќе се отстрани делот на депонијата Вардариште, ќе се рекултивизира земјиштето со нова земја, плодна земја и потоа ќе се прават спортски терени, паркови итн“.