На олимписката патека во рамките на Тесеро крос-кантри Олимпискиот стадион, нашиот најдобар нордиец Ставре Јада го освои 83. место (од 113 пријавени спортисти на стартот на трката) на трката на 10 километри со заостанување од 4:52,7 минути зад новиот олимписки шампион, Ј.Х.Клебо од Норвешка.
Со овој настап, нашите најдобри спортисти во крос-кантри го заокружија своето учество на Зимските олимписки игри Милано и Кортина 2026. Иако патот до врвот е тежок, нивниот настап е доказ за континуитетот на македонското скијачко трчање на светската сцена.
Ана и Ставре го дадоа своето најдобро! За уште подобри резултати во иднина, неопходна е многу поквалитетна работа и многу поголеми вложувања во овој прекрасен спорт од страна на сите релевантни институции во нашата држава.












