Русија ќе има јасен и разбирлив став на претстојниот самит во Алјаска, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Никогаш ништо не планираме однапред. Знаеме дека имаме аргументи, јасна, разбирлива позиција. Ќе ја презентираме“, рече рускиот министер, одговарајќи на новинарско прашање за веројатноста за успех на претстојната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, објави Интерфакс.
Тој исто така рече дека „многу е веќе направено за време на посетите на специјалниот претставник на американскиот претседател Стив Виткоф“, кој разговараше со Путин во Москва во име на претседателот Трамп.