Со ставањето потпис за гасоводната цевка, почна и официјалниот почеток на изградбата на интерконекторот со Грција, од каде што ќе се снабдува нашата земја со природен гас. На македонска територија ќе треба да се постават 66,7 километри цевки со дијаметар од 700 милиметри, кои треба да овозможат транспорт на 1,5 милијарди кубни метри гас годишно во првата фаза, а со зголемување на потребите и планираниот транспорт на гас кон Србија и кон Косово, капацитетот ќе се зголеми до 3 милијарди кубни метри.

– Овој интерконектор ќе ни донесе нови извори на природен гас, стабилно снабдување за индустријата и за домаќинствата, пониски цени за граѓаните, поголема конкурентност за компаниите, со што упатуваме силна порака дека државава, конечно, станува дел од европската енергетска мрежа – истакна Мицкоски и потенцира дека, за Македонија, интерконекторот е енергија за раст, гориво за економијата и  безбедност за иднината

Со ставањето потпис за гасоводната цевка, почна и официјалниот почеток на изградбата на интерконекторот со Грција, од каде што ќе се снабдува нашата земја со природен гас. На македонска територија ќе треба да се постават 66,7 километри цевки со дијаметар од 700 милиметри, кои треба да овозможат транспорт на 1,5 милијарди кубни метри гас годишно во првата фаза, а со зголемување на потребите и планираниот транспорт на гас кон Србија и кон Косово, капацитетот ќе се зголеми до 3 милијарди кубни метри.

Со овој гасовод, кога ќе стане функционален, според премиерот Христијан Мицкоски, Македонија ќе стане регионална енергетска крстосница.

– Повеќе нема да сме на крајот на мрежата, туку во срцето на регионалниот енергетски тек. Овој интерконектор ќе ни донесе нови извори на природен гас, стабилно снабдување за индустријата и за домаќинствата, пониски цени за граѓаните, поголема конкурентност за компаниите, со што упатуваме силна порака дека државава, конечно, станува дел од европската енергетска мрежа – истакна Мицкоски и потенцира дека, за Македонија, интерконекторот е енергија за раст, гориво за економијата и безбедност за иднината.

Вкупната вредност на проектот е околу 3,7 милијарди денари или 60 милиони евра и ќе го градиме со поддршка од Европската инвестициска банка и од Европската банка за обнова и развој.

– Ова не е само инвестиција во цевки и бетон туку уште еден значаен влог во енергетската независност и стабилност на земјава, во нејзиниот целокупен економски развој и во нејзината просперитетна иднина – рече Мицкоски.

Изградбата на интерконкторот, како што посочи амбасадорката на САД, Анџела Агелер, е долгоочекуван проект, кој демонстрира независност и ги зајакнува врските во однос на енергијата и на економскиот развој.

– Стратешка инвестиција во безбедноста, просперитетот и суверенитетот. Важно е да се направи енергетска диверзифкација. Важна е регионалната соработка, партнерството. Како најголем производител на ЛНГ, САД сакаат да се пренесува нашиот гас преку овој гасовод, наскоро. Сакаме да видиме економска сигурност и безбедност и регионален развој, кои ќе ги донесе тој проток за сите нас. Се докажува дека партнерствата со пријателите и со соседите се многу повеќе од бирократски и политички маневри – порача Агелер.

Изведувачот на работите, кумановската компанија „Рапид билд“, треба да ги заврши работите за 22 месеца, односно интерконкторот треба да биде готов во 2027 година. Од грчка страна, интерконекторот е со должина од 123 километри и е речиси готов.

ИЗДВОЕНИ