„Сакам да знаете дека ќе направам сè што можам за оваа уметничка форма, да ги поддржам и бранам новите гласови, да го заштитам она што го прави киното моќно. Се надевам без премногу скршени коски“, рече емотивниот Том Круз откако го прими почесниот Оскар на церемонијата на доделување награди.
Том Круз, четирикратен номиниран за Оскар како актер и продуцент, го доби својот прв Оскар на 16 ноември 2025 година, на доделувањето на наградите „Гувернерс“.
Овој почесен Оскар му беше доделен за исклучителни достигнувања за време на неговата 44-годишна кариера во филмската индустрија, а франшизата „Топ Ган“ секако се смета за негово најголемо достигнување.
Емотивниот Круз во својот говор ја спомена и моќта на заедништвото што филмот ја буди во нас: „Киното ме води низ целиот свет. Ми помага да ја ценам и почитувам различноста. Исто така, ми ја покажува нашата заедничка човечност, колку сме слични на толку многу начини. И без разлика од каде доаѓаме, во тоа кино се смееме заедно, чувствуваме заедно, се надеваме заедно и тоа е моќта на оваа уметност. И затоа е важно, затоа е важно за мене. Снимањето филмови не е она што го правам, туку тоа е кој сум јас.“
Том Круз досега четири пати беше номиниран за Оскар, но сè уште не ја освоил оваа најпрестижна награда.
Првата номинација за најдобар глумец ја доби за филмот „Роден на Четврти Јули“ од 1989 година. Потоа следеа номинации за филмовите „Џери Мегваер“ (1996) за најдобар глумец и „Магнолија“ (1999) за најдобар спореден глумец. Неговата најнова номинација беше за најдобар филм како продуцент на филмот „Топ Ган: Маверик“ (2022).



![[Интервју] Нина Деан: Силните женски улоги се ретки, публиката заслужува нови лица](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2025/11/prva-4-scaled-450x300.jpg)



![[Интервју] Нина Деан: Силните женски улоги се ретки, публиката заслужува нови лица](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2025/11/prva-4-218x150.jpg)



![[Интервју] Нина Деан: Силните женски улоги се ретки, публиката заслужува нови лица](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2025/11/prva-4-100x70.jpg)
